За ЕФМ
Регати во Македонија
Регати во странство
Документи

ISAF

Едриличарски Клуб АМАК СП БОФОР

Едриличарскиот клуб Стрмец

Агенција за млади и спорт

Добредојдовте...

Сезона 2007 || Сезона 2008 || Сезона 2009 || Сезона 2010

  Trofeo Marcello Campobasso 4-6 Јануари 2010

По 17-ти пат се одржа регатата Trofeo Marcello Campobasso, во организација на Кралскиот Едриличарски клуб
R.Y.C.C. SAVOIA од Неапол, Италија.

Во извонредна организација учество зедоа 183 едриличари од 20 држави. Во оваа голема конкуренција настапија и македонските едриличари Димитар и Дамјан Поп-Стефанија. Три дена се водеа жестоки едриличарски борби во немирното Тиренско море со јачина на ветерот до 16 м/сек и бранови над 2 м.

Во севкупниот пласман Димитар го зазеде 133 место, Дамјан во категоријата на кадети до 12 години го освои 17 место.

Со оглед на силната конкуренција ова е задоволителен настап на македонските едриличари.

Првото место го освои Италијанката Sarlota Omari, кај кадетите најдобар беше Полјакот Simon Buksak.

         
         


Сезона 2007 || Сезона 2008 || Сезона 2009 || Сезона 2010