Добредојдовте...
Јубилеј: 60 години Едриличарската Федерација на Македонјиа
Едриличарската Федерација на Македонија, го прослави својот голем Јубилеј во средата на 19.12.2007 год.Свеченоста по повод 60 годишнината од нејзиното формирање се одржа во х. Белведере со почеток во 11.00 часот, каде едриличарите од Македонија имаа можност заедно да се потсетат на минатото и да ги презентираат идеите за иднината на овој атрактивен спорт.
На почетокот Претседателот на ЕФМ, господинот Љупчо Поп-Стефанија, ги поздрави присутните и проговори за развојот на едриличарството од неговите почетоци во светски рамки и формирањето на Интернационалната Едриличарска федерација (ИСАФ), која оваа година ја прослави 100 годишнината од своето постоење.
За почетоците на едрењето во Македонија тој истакна:
„ Во Охридското езеро првите едрилици се појавија помеѓу двете војни, кои во главно се користеле за рекреација. Македонското спортско едрење започнало во 1947 година, во Охрид, со формирањето на Бродарскиот сојуз на Македонија. Иницијативниот одбор во рестораноот Ориент ги поставил патеките по кои ги трасирааат сите водени спортови во Македонија, меѓу нив и едрењето”
Од тогаш, и покрај многубројните искачувања и падови, едриличарството успеало да опстане, за денес, на големо задоволство, македонското едрење да е блуску до квалитетот на земјите со кои се мерат силите на многубројните меѓународни регати, забележувајќи значајни резултати.
„Едриличарската федерација на Македонија има цел да остави наследство што ќе трае во овај спорт, да се покаже разновидноста што постои во едрењето, да се промовира убавината и чувството на неограничена слобода што го овозможува на многу луѓе кои немале можност да се дел од него.”-
рече на крајот претседателот Поп- Стефанија.
Според Одлуката на Извршниот Одбор, Едриличарската Федерација на Македонија, прогласи 10 почесни членови:
- Димитри Јанко - Учесник на основачкото собрание на Бродарскиот сојуз на Македонија
- Харалампие Константиновски- Учесник на основачкото собрание на Бродарскиот сојуз на Македонија
- Иван Видовски - Повеќегодишен организатор во Бродарскиот сојуз
- Раде Кутаноски - Долгогодишен претседател на Едриличарскиот сојуз на Македонија
- Владимир Кавај- Организатор и Претседател на ЕСМ
- Ѓорги Чуркоски - Организатор и активист
- Лазо Ѓоргоноски - Организатор и активист
- Климе Василески - Стручен соработник и организатор
- Венко Шапкар - Организатор и активист
На прославата им беа доделени Плакети за посебно залагање, основање и организирање на активности поврзани со едрењето.
По што збор зедоа и
г-ин Димитри Јанко - за сеќавањата кога се формирал Бродарскиот сојуз,
г-ин Владимир Кавај - за формирањето на Едриличарскиот сојуз на Македонија во 1972 година
Венко Шапкар - за новите состојби во едрењето
Покрај тоа, врз основа на постигнатите резултати од учеството на многубројните меѓународни и државни натпревари за најуспешни едриличари за 2007 год. беа прогласени и им беа доделени Плакети на:
Ивана Фармакоски и Димитар Поп – Стефанија.
Исто така на сите гости, медиуми и помагатели во знак на искрено задоволство од досегашната соработка, од името на ЕФМ, беа доделени Благодарници.
На крајот сите присутни го продолжија дружењето на свечениот коктел.
Настан: 60 години од постоењето на Едриличарската Федерација на Македонјиа Среда 19.12.2007
По повод 60 години од постоењето на Едриличарската Федерација на
Македонјиа, на ден 19.12.2007 год(среда), во Хотел Белведере со почеток
во 11.00 часот, ќе се одржи свеченост, каде повеќето генерации на
едриличари заедно ќе го прослават овој голем Јубилеј.На свеченоста збор ќе земе Претседателот на ЕФМ г-от Љупчо Поп-Стефанија, со карток осврт на историјатот на едрењето во Македонија, но и за желбите, идеите и амбициите за во иднина. На сите присутни гости ќе им бидат доделени Благодарници, а на прогласените почесни членови, ЕФМ ќе додели Повелби за своевиден придонес
Презентација на Клубовите на ЕФМ
Македонската Едриличарска Федерација ги презентираше своите клубови и нивните активности во Музејот на Современа Уметност во Скопје во сколоп на неделата на италијанскиот јазик, насловена како „Јазикот иморето", на покана на Италијанската Амбасада.
Активно учество зедоа, едриличарските клубови: АМАК СП -БОФОР- ОХРИД, СНЕГАР- СТРУГА, ПЕЛИКАН- СКОПЈЕ И ПАМПУР- СКОПЈЕ, а идејата беше целосно поддржана и од останатите македонски клубови.
Целта на презентацијата беше што поголема афирмација на овој атрактивен спорт, во државава, како и укажување на можноста за што поголемо вклучување на лугето во него, без ограничување во возраста.
Од големо значење е и промовирањето на Македонија пред странските посетители на ова претставување, како земја која нуди можност за организирање успешни спотртски манифестации, по примерот на Меѓународната Едриличарска Регата, која е прогласена за најмасовен спортски настан кај нас.
Меѓународна Едриличарск регата во класата Оптимист "Трофеј на Белград 2007"
Едрилицарите од ЕК Амак сп- Бофор- Охрид ,ЕК Стрмец- Охрид и ЕК
Снегар- Струга, се вартија од Отвореното Првенство за класата Оптимист
" Трофеј на Белград", што се одржа на Савско Езеро во Белград
, Р.Србија од 19 до 21 Октомври.Најдобри резултати постигнаа
Класа Оптимист (генерален пласман)
Александар Фармакоски 3 то место ЕК АМАК СП БОФОР
Класа Оптимист(женска конкуренција)
Мартина Каневче, 2 ро место ЕК АМАК СП БОФОР
Останатите натпреварувачи се пласираа од 11 - 17 то место, во конкуренција од вкупно 46 Опимисти. На првенството зедоа учество вкупно 9 клуба од 3 држави: Македонија, Словенија и Србија.
Второ Отворено Државно Првенство во Олимписко Едрење, Котор - Црна Гора 12- 14 Окт 2007
Eдриличарите од Амак СП-Бофор и Стрмец се вратија од Отвореното Првенство што се
одржа во Котор, Црна Гора, и ги постигнаа следните резултати:
Класа Оптимист (генерален пласман)
Димитар поп-Стефанија 6 то место ЕК АМАК СП БОФОР
Александар Фармаковски 9 то место ЕК АМАК СП БОФОР
Класа Оптимист(женска конкуренција)
Ивана Фармаквоски 2 ро место ЕК АМАК СП БОФОР
Каневче Мартина 4 то место ЕК АМАК СП БОФОР
Класа Ласер Стандард
Мошоски Славчо 8 мо место ЕК СТРМЕЦ
Државно Првенство 2007
На ден 30.09.2007 год. се одржа Државното Првенство во
Едрење, чиј организатор беше Едриличарскиот клуб „Стрмец" од Охрид, а
покровител Едриличарската Федерација на Македонија.
На Првенството учество зедоа 3-те клуба: „АМАК СП- БОФОР"- Охрид,
„СНЕГАР"-Струга и домаќинот „СТРМЕЦ" од Охрид, додека деновиве на
Велешко езеро, ќе се одржи дополнителна регата за класата Мистрал,
каде учество ќе земе и ЕК „ПЕЛИКАН" од Скопје.
Во трите класи:
Оптимист, Ласер Стандард и Европа, едриличарите ги посигнаа следните резултати:
Ласер Стандард:
1. Мошоски Славчо- ЕК „СТРМЕЦ"- Охрид
2. Рахимовски Алмир- ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
3. Куљанов Кирил - ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
Европа:
1. Заричин Александра- ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
2. Нединкоски Томе- ЕК „СТРМЕЦ"- Охрид
3. Фармаковски Ивана - ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
Оптимист –генарално:
1. Александар Фармаковски- ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
2. Димитар Поп- Стефанија- ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
3. Љушо Ердал- ЕК„ СНЕГАР "- Струга
Оптимист- девојки
1. Елена Ставреска- ЕК „СТРМЕЦ"- Охрид
2. Каневче Мартина- ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
3. Андоноски Луана- ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
Оптимист- млади
1. Димитар Поп- Стефанија- ЕК „АМАК СП- БОФОР"- Охрид
2. Димитар Димитриески- ЕК „СТРМЕЦ"- Охрид
3. Бојана Радеска- ЕК „СТРМЕЦ"- Охрид
Слики од Илинденската Регата Охрид 2007
| Слики од 01.08.2007 | Слики од 02.08.2007 |
Резултати од Илинденската Регата Охрид 2007
| Класа 470 | Класа Европа |
| Класа Флаин Јуниор | Класа ласер 4.7 |
| Класа ласер радијал | Класа ласер стандард |
| Класа Mинитонец | Класа Oптимист |
| Класа Optimist девојки | Класа Oптимист до 12 години |
Програма На Илинденската Регата Охрид 2007
програмата На Илинденска Регата Охрид 2007 можете да ја симнете овде
Notice of Race На Илинденската Регата Охрид 2007
Notice of Race На Илинденска Регата Охрид 2007 можете да го симнете овде
Илинденска Регата Охрид 2007 (31/Јули-02/Август)
Македонската Едриличарска федерација и Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР ве покануваат на: Илинденска Регата Охрид 2007 за учество: пополнете ја пријавата на веб страната на Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР




