Добредојдовте...
Постигнати резултати и Државни прваци за 2008 год.
Државни прваци по класи за 2008 || Постигнати резултати на македонските едриличари во 2008
Новогодишна регата Хвар, Р. Хрватска 27-31 Декември
Македонските едриличари настапија на Новогодишната регата што се одржа од 27-31.2008 год. во Хвар, Р . Хрватска.Ова се резултатите што ги постигнаа:
Класа Ласер Радија(вкупно учесници 56)
Александра Заричин ЕК АМАК СП - БОФОР, Охрид 49 место
Класа Оптимист( вкупно учесници 135)
Ердал Љушо ЕК СНЕГАР, Струга 52 место
Димитар Поп- Стефанија ЕК АМАК СП - БОФОР, Охрид 73 место
Свечена седница на ЕФМ и резултати од регатата Минитонец „Св. Никола 2008“ 21 Декември
во организација на Едриличарската федерација на Македонија се одржа должинската регата за Минитонец( Охрид- Струга ) , „Св. Никола 2008”.
Регатата започна во 10.00 часот, кога петте екипажи: ПАЈНИК, ГАЛИЈА, КСК НАУТИКА, ВИНТУ и МИЛКА тргнаа од Охрид, а првопласираните на целта во Струга пристигнаа во 13.40 часот.Условите за одржување на регатата беа идеални. Ветрот дуваше со брзина од околу 10 м/с, со што просечната брзина на едрилиците беше околу 8-9 км/х.
Трката успешно ја завршија три екипажи и тоа како првопласирани, екипажот на МИЛКА (Ошавко/Јованоски/Заричин А/ Заричин В.) Втори на целта пристигнаа Андреески/Гучески/Лазороски со ВИНТУ, додека третото место и припадна на екипата на КСК НАУТИКА(Бујароска/Ставрев/Мојсоски/Саздов).
По завршувањето на регатата Едриличарската федерација на Македонија во Кафе „Регата” во Страга одржа Свечена седница, каде претседателот на ЕФМ Поп-Стефанија направи кратка ретроспектива на достигнувањата на македонските едриличари во 2008 год, а потоа ги претстави идеите и залагањата за наредниот период. За најуспешен едриличар за 2008 год. беше прогласен Ердал Љушо од ЕК СНЕГАР- Струга, а за најуспешна едриличарка Александра Заричин од ЕК АМАК СП- БОФОР од Охрид.
Покрај тоа беа доделени и благодарници на сите помагачи на Едриличарската федерација во изминатиов период. 2008 година за едрењето е едена од најбогатите со настапи на меѓународен план, а заокружувањето на тие настапи ќе биде со „Новогодишната регата”, која од 27-31 декември 2008 год. ќе се одржи во Хвар Р. Хрватска каде учество ќе земат тројца наши претставници: Александра Заричин,Ердал Љушо и Димитар Поп- Стефанија.
Стипендии за младите едриличари 18 Декември
Македонските едриличари: Александра Заричин , Славчо Мошоски, Климе Колески, Александар Фармакоски,Мартина Каневче, Едрал Љушо и Димитар Поп-Стефанија, станаа дел од категоријата Спортист - Спортска надеж, и при тоа Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Владата на Р. Македонија им додели стипендии.Договорите за стипендии беа потпишани на ден 18.12.2008 год(четврток) во просториите на Македонска опреа и балет со што младите спортски надежи беа поздравени од Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Премиерот на Р. Македонија, како и од голем дел на македонски спортски великани....
Меѓународна Оптимист регата „Св. Никола“ - Пула, Р. Хрватска 04 - 07 Декември
Македонските едриличари Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР –Струга и Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР , Охрид ги измерија своите сили со вкупно 230 едриличари од класата Оптимист на регатата „Св. Никола“, која се одржа во Пула, Р. Хрватска во деновите од 04 до 07 Декември 2008 год.На ова масовно натпреварување покрај Македонија учество зеде целата европска едриличарска елита од земјите:Италија, Словенија, Франција, Унгарија, Чешка, Германија, Монако, Полска, Србија, Австрија и домаќинот Хрватска.
Нашите едриличари го освоија 89тото односно 122 место.
Куп на Македонија во Минитонец 30 Ноември
Во организација на ЕК Стрмец од Охрид се одржа едриличарската рагата Куп на Македонија во Минитонец каде учество зедоа 8 екипажи од 4 клуба и тоа ЕК АМАК СП - БОФОР – Охрид, ЕК СИРМА – Струга, ЕК ПАМПУР - СКОПЈЕ и домакинот ЕК СТРМЕЦ од Охрид.
Поради одличните услови се одржаа четири трки каде екипажот на ПАЈНИК беше неприкосновен во својата победа бидејќи во стие трки беше прв, додека за сите останати екипажи имаше голем резултатски пресврт за време на трките.
На крајот второ пласиран заврши екипажот на МИЛКА, а трета беше ВАРИЈАНТА.
Четвртото, петтото и шестото место го завзедоа екипажите на : КСК НАУТИКА, МКД 4 и КАТАЛИНА, на седмото место се пласира екипажот на ВИНТУ, додека на осмото место заврши СТРЕЛА.
Покрај тоа, оваа регата беше одлична можност за промоција на двете нови едрилици од истата класа, што докажува дека едрењето поттикнува се поголем интерес кај македонската популација.
Активноста на македонските едриличари не застанува тука. Со учеството на се поголемијот број на Меѓународни регати во овој период, годинава натпреварувачката сезона е една од најдолгите до сега.
Двајцата наши репрезентативци Димитар Поп-Стефанија и Ердал Лушо оваа среда заминуваат за Пула Р. Хрватска, каде ќе земат учество на Меѓународната регата„ Св. Никола“, која ќе се одржи од 04.11-07.11.2008 год.
Меѓународна Дубровничка регата 17 - 19 Октомври
Двајца наши едриличари настапија на Меѓународната Дубровничка регата во Р. Хрватска која се одржа од 17- 19.10.2008 год.Македонија за прв пат зеде учество на оваа регата што претстува натпревар од сериозен карактер поради масовноста и силната конкуренција.
Во класата Оптимист силите ги измерија вкупно 77 едрличари, а двајцата наши претставници Ердал Љушо од ЕК СНЕГАР – Струга и Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП – БОФОР - Охрид се пласираа на 34 односно на 38 место.
Ветеранската едриличарска регата во Опимист 11 Октомври
Викендов во организација на младите членови од Едриличарскиот клуб АМАК СП – БОФОР Охрид, по трет пат се одржа Ветеранската едриличарска регата во Опимист.
На оваа регата учество зедоа, девет едриличари - ветерани, од три клуба од Македонија и тоа: ЕК СТРМЕЦ - Охрид, ЕК СНЕГАР - Сртуга како и клубот домакин.
По трите извозени трки, оваа година првото место го освои Љупчо Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ - Охрид, второто го завзеде Томе Андереески од ЕК СНЕГАР - Струга, а третото место му припадана на Драги Келешосоки од истиот клуб.
Клубот домакин планира оваа регата, која е од забавен карактер, редовно да се одржува и во наредните години , а се со цел младите едриличари кои во случајов беа Судии и членови на Регатен И Протестен Одбор да го научат начинот на организиранје на регати како и да ги унапредат знаенјата за Регатните правила.
2ра „11 Октомвриска регата“ во организација на ЕК ПАМПУР
Од страна на едриличарскиот клуб ПАМПУР од 04.10.2008 до 11.10.2008 во водите на Јадранското Море беше организирана втората „11 октомвриската регата“ на која учество земаа 11 такмичарски едрилици. За таа цел беа изнајмени ист тип пловила Баварија 44, со цел да се минимизира разликата во времето како последица на различни типови на бродовиВкупниот број на учесници од Македонија беше 82, во 11 екипажи. На оваа регата учество земаа и нови членови со помало искуство и затоа две од едрилиците имаа професионален хрватски скипер, додека останатите 9 екипажи беа предводени од македонски скипери.
Официјалниот, натпреварувачки дел беше поделен во 2 етапи (8 и 9 октомври) и тоа:
- прва етапа на релацијата Жут – Сали со 24 наутички милји
- втора етапа на релација Сали – Опат со 19 наутички милји
- 1во место екипа „Загор“ скипер Коце Петров
- 2ро место екипа „Логин Системи“ скипер Иван Зелевиќ (Хрватска)
- 3то место екипа „Сворфиш“ скипер Бојан Миноски
Во текот на регатата беше организирано и заедничко дружење – официјално отварање на регатата, 7.10.2008 со пригодна вечера на остров Жут, АЦИ марина, и свечена вечера со прогласување на победниците на 9.10.2008 во залив Опат, остров Корнат.
Државно првенство во едрење- класа МИНИТОНЕЦ 21 - Септември
На ден (недела 21.09.2008 год), во Струга во организација на Едриличарскиот клуб „ СИРМА” од Струга и Едриличарската федерација на Македонија се одржа Државното првенство во едрење за класата МИНИТОНЕЦ.
На Првенството, учество зедоа девет екипажи од 4 клуба од државава: ЕК АМАК СП- БОФОР и ЕК СТМЕЦ од Охрид, ЕК СНЕГАР и домакинот ЕК СИРМА од Струга.
Поради поволниот ветар кој создаде одлични услови за едрење се одржаа предвидените 4 трки при што екипажот на ПАЈНИК од ЕК АМАК СП- БОФОР кој го сочинуваа Милески Љубиша, Милеки Мики и Лазареска Драгана, со 3 први и 1 второ место во трките, заслужено го освоија првото место.
Второто место го завзеде екипажот на МИЛКА - Китаноски Мирко, Јованоски Стевчо, Ропчев Тодор од истиот клуб, а третото место му припадна на ЕК СТМЕЦ и екипажот на ВАРИЈАНАТА - Ропчев Славчо, Пејоски Мартин, Ошавков Деан.
Четвртото, петтото и шестото место ги освоија едриличарите од ЕК СИРМА и тоа екипажот на ВИНТУ - Ѓоко и Марко Гучески, МКД3 АУРОРА со Лазо Ѓорогоноски, Лушо Ердал и Кирил Мирчески, и МКД 4 ГАЛИЈА со Томе Андреески, Марија Мукоска и Драган Келешоски.
На седмото место се најде екипажот 255 - Алмир Ракимоски, Славчо Мошоски и Кирил Куљанов од ЕК СТРМЕЦ, додека КАРПА од ЕК АМАК СП- БОФОР со Бојан Бошкоски, Иван Мирковски и Кирил Миљовски беа осми. Деветта беше едилицата од ЕК СНЕГАР - ЖУПАН, предводена од Зоран Жупаноски.
Мегународна регата СОФИЈА ЕСЕН 18 - 21 - Септември
Викендов што измина, на одржаната Мегународна регата СОФИЈА ЕСЕН на езерото Искар, Р. Бугарија, учество зедоа тројца едриличари од ЕК АМАК СП БОФОР, од каде Заричин Александра се врати со Бронзен медал во класата Ласер Радијал.
Екипажот Колески/ Фармакоски кој за прв пат настапи во класата 470, го завзеде 4тото место.
Резултати од XLI Отворен Балкански шампионат за
Олимписки класи
Заврши овогодинешниот 41 по ред Балкански и Отворен Балкански Шампионат за Олимписки класи и Оптимист, кој оваа година се одржа во Мангалија Р. Романија во организација на Романската Едриличасрска Федерација и Општина Мангалија.
Отворањето на ова Првенство беше на 03.септември 2008 год, по што следеа четири последователни натпреварувачки дена, во 5 класи каде силите ги измерија едриличари од 9 земји и тоа: Романија, Кипар, Бугарија, Турција, Србија,Грција, Германија, Молдавија и Македонија.Нашата репрзентација броеше 10 члена и зеде учество во 3 класи: Оптимист, Ласер Стандард и Ласер Радијал.Ова се резултатите што ги постигнаа:
Класа Оптимист(машка категорија)
Ердал Лушо 18то местоДимитар
Поп- Стефанија 24то место
Добре Трпоски 36то место
Димитар Димитриески 38мо место
Кирил Мирчески 40то место
Класа Оптимист(женска категорија)
Мартина Каневче 9то место
Елена Ставреска 13то место
Класа Ласер Радијал
Александра Заричин 8мо место
Класа Ласер Стандард
Славчо Мошоски 18то место
Мартин Пејоски 19то место
Македонската едриличасрдка репрезентација на XLI Отворен Балкански шампионат за
Олимписки класи 03 - Септември 2008
Македонската едриличасрдка репрезентација синока пристигна во Мангалија, Р.
Романија каде оваа година ке се одржи XLI Отворен Балкански шампионат за
Олимписки класи и Оптимист во организација на Романската едриличарска
федерација.
Денеска започнува техничкото меренје, а трките започнуваат утре и ке траат
вкупно 4 последователни дена, заклучно со 7.септември, при што во 17.00 часот
истиот ден ке се случува свеченото доделуванје на наградите и затворање на
шампионатот.
Нашите репрезезентативци ке ги бранат боите на Македонија во 3 класи и тоа во Класа Ласер Стандард, Ласер Радијал, и Класата Оптимист.

Македонската едриличасрдка репрезентација на
XLI Отворен Балкански шампионат за Олимписки класи и Оптимист во Мангалија, Р. Романија.
Куп на Ѓердап во Р.
Србија 28 - 31 Август 2008
Меѓународната регата Куп на Ѓердап во Р.Србија, оваа година се одржа по 33ти пат во деновите од 28-31 август. Во конкуренција од 87 натпреварувачи од 6 земји, македонската едриличарска репрезентација настапи со 10 претставници во 3 класи:
Ласер Стандард, Ласер Радијал и Оптимист. Ова се разултатите што ги постигнаа:Класа Ласер Стандард
Мартин Пејоски 6то место
Славчо мошоски 10то место
Класа Ласер Радијал
Александра Заричин 7мо место
Класа Оптимист
Ердал Љушо 9то место Димитар
Поп- Стефанија 12то место
Добре Трпоски 21во место
Мартина Каневче 24то место (6та во женска конкуренција)
Елена Ставреска 26 то место (8ма во женска конкуренција)
Кирил Мирчески 27 мо место
Димитар Димитриески 37мо место
Меѓународна регата Куп на Ѓердап 2008
Од Србија, македонската репрезентација во едрење се упатува за Мангалија, Р. Романија каде ќе земе учество на Балканскиот Шампионат, кој ќе се одржува од 2-8 ми септември 2008.
Слики од Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2008
Државно првенство во класата ОПТИМИСТ
На 16.08.2008 во Охрид во организација на Едриличарскиот клуб АМАК СП БОФОР и ЕДРИЛИЧАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА се одржа Државното првенство во едренје во класата ОПТИМИСТ за јуниори, до 12 години.По мошне поволни услуви и ветар со јачина до 5 бофори во водите на Охридското
езеро, најмладите македонски едриличари покажаа вистински мајсторство во
едренјето борејки се мегу себе и со бранови повисоки од еден метар.
На првенството зедоа учество Едриличарските клубови СНРГАР-Струга, СТРМЕЦ - О хрид и домакинот АМАК СП БОФОР - Охрид со 17 едиличари. На стандардно регатно поле се возеа четри трки.
Државен првак за 2008 година е Дамјан Поп-Стефанија од АМАК СП БОФОР кој успеа со две први, едно второ и едно четврто место во гнерален пласман и во конкуренција на машки да го освои првото место.
Во женска конкуренција државна првакина е Бојана Радеска од СТРМЕЦ.
На првопласираните им се доделија медалји и пехари.
Резултати:
Генерален пласман/ Машки
1. Дамјан Поп-Стефанија АМАК СП БОФОР
2. Александар Димески АМАК СП БОФОР
3. Новица Велјаноски СТРМЕЦ
Женски
1. Бојана Радеска СТРМЕЦ
2. Ема Ошавков АМАК СП БОФОР
3. Теодора Јанковска СНЕГАР
Резултати од Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2008
Резултатите од Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2008 PDF - Формат
Македонските едриличари на Светско Првенство за прв пат
Македонските репрезентативци во едрење се вратија од Светското првенство за Оптимист „ OPTI WORLD 2008 ” кое се одржа во Чешме , Измир- Р.Турција во безбрекорна организација на Турската едриличарска федерација( TSF ) и Светската Асоцијација за класата Оптимист ( IODA ).
Оваа година, Првенството беше прогласено за најмасовно, со учесници од 53 земји од Светот и вкупно 255 натпреварувачи меѓу кои и Македонија која за прв пат во историјата на македонското едрење настапи на Првенство од Светски ранг.
Шампионатот го освои порториканецот Раул Риос, кој исторвемено е и првак на Северна Америка.
Порторико на Светското првенство имаше двоен успех со освојувањето на првото место и во екипно едрење каде успеа да ја издвиои победата со меѓусебни двобои помеѓу 16 те најдобри земји во Светот.
Двајцата наши претставници Ердал Лушо од ЕК„ Снегар” - Струга и Димитар Поп- Стефанија од „ЕК Амак сп – Бофор” - Охрид, во 6 те натпреварувачки дена и покрај силниот ветар, успешно ги завршија 15-те трки и се пласираа на 237-то односно 245-то место.
Учеството на ова Светско Првенство„ OPTI WORLD 2008 ” е од голема важност бидејќи не води надвор од балканските простори каде воглавно ги браневме се националните бои до сега и не приближува до светското едриличарското друштво.
OPTIMIST WORLD CHAMPIONSHIPS 2008
Програма На Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2008
Распис за Меѓународната Илинденска Регата во Охрид 2008 Г.
Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР и Македонската Едриличарска федерација, ве покануваат на:
Илинденска Регата Охрид 2008.
Државно првенство во класите Ласер и Европа 20 Јули 2008
Во недела на 20.07.2008 со почеток во 10 часот во Струга се одржа Државното првенство во едренје во класите Ласер и Европа.
На првенството учество зедоа петнаесетина едиличари од Едриличарските клубови АМАК СП БОФОР - Охрид, СТРМЕЦ - Охрид и домакинот СНЕГАР - Струга.Организатор на првенството е Е.К Снегар од Струга и Едриличарската федерација на Македонија.
Најдобрите едиличари на првенството кои покажале добри резултати и на другите регати кои се бодуваат во нивната класа, избрани се да ја претставуваат Македонија на Балканскиот шампионат во едренје за Олимписки класи И Оптимист кој ке се одржи во почетокот на Септември во Констанца - Романија.
Известување: Македонските едиличари на светско првенство во Чешме, Р. Турција
малата македонска едриличарска експедиција пристигна во Чешме - Турција, каде од 14 - 25.07. 2008 се одржува Светското првенство во едрење во класата Оптимист- OPTIWORLD 2008.
Двајца македонски едриличари Димитар Поп Стефанија и Ердал Лушо, за прв пат ќе ги бранат националните бои на едно вакво натпреварување. Екипата е води тренерот Драги Келешоски.
Претходно учествуваа со другите македонски едриличари на две големи регати во Варна и Истанбул каде се натпреваруваа со поголем број на едриличари кои ќе учествуваат на Светското првенство. Потоа заедно со турските репрезентативци и тренери се подготвуваа во Истанбул.
Ако не очекуваме спектакуларни резултати, овај настап е многу значаен за македонското едрење, не води кон патот на едриличарското друштво надвор од балканските простори каде во главно се натпреварувавме до сега.
Известување за постигнати резултати на македонските едриличари во Истанбул, Р. Турција
Заврши Едриличарската недела за Оптимист во Истанбул, Турција што се одржуваше во периодот од 30 јуни 2008 до 05 јули 2008 год. На оваа Меѓународна регата која претставува своевидна премиера на Светското првенство во Оптимист, во одлична конкуренција на 115 едриличари од 9 земји и тоа: Турција, Бахреин, Романија, Србија, Бугарија, Данска, Израел и Русија, боите на Македонија ги бранеа шест наши едриличари од три клуба.Ова се резултатите кои ги постигнаа:
Класа Оптимист- генерален пласман:Ердал Љушо од ЕК СНЕГАР- Струга- 40 место
Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид - 53 место
Кирил Мирчески од ЕК СНЕГАР- Струга- 66 место
Димитар Манчев од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид-89 место
Димитар Чатороски од ЕК СНЕГАР- Струга 107 место
Класа Оптимист- женска конкуренција:
Мартина Каневче од ЕК АМАК СП- БОФОР-Охрид- 20 место
Елена Ставреска од ЕК СТРМЕЦ- Охрид 27 место
Двајцата наши репрезентативци Ердал Љушо и Димитар Поп- Стефанија, продолжија со своите припреми во Истанбул, а потоа заминуваат за Чешме, Р. Турција каде ќе земат учество на овогодинешното Светско Првенство за Опимист кое ќе се одржува од 14-25 јули 2008.
Istanbul International Optimist Week 2008 || Резултати || Слики
Известување за постигнати резултати на мекедонските едриличари во Варна и Бела Црква
Викендов, две македонски едриличарски екипи настапија на различни Меѓународни регати од каде се вратија со успех.
На Меѓународната регата во Бела Црква – Србија, од 28 до 29 Јуни, помеѓу петте клуба кои зеда учество беше и едриличарскиот клуб АМАК СП- БОФОР. Двете негови натпреварувачки во класата Европа се закитија со медал. Златото го освои Ивана Фармакоски, додека бронзата и припадна на Александра Заричин.Во исто време, од 26 до 29 Јуни, во Варна,Р. Бугарија во силната конкуренцја каде покрај македонските едриличари и домаќините, учество зедоа и едриличари од Романија, нашите натпреварувачи ги освоија следните места:
Класа Ласер Стандард- млади:
Александар Фармакоски од ЕК АМАК СП- БОФОР-Охрид - 4 место
Класа Оптимист- генерален пласман:
Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид - 14 место
Ердал Љушо од ЕК СНЕГАР- Струга- 15 место
Димитар Манчев од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид- 31 место
Кирил Мирчески од ЕК СНЕГАР- Струга- 33 место
Димитар Чатороски од ЕК СНЕГАР- Струга 40 место
Класа Оптимист- женска конкуренција:
Мартина Каневче од ЕК АМАК СП- БОФОР-Охрид- 7 место
Елена Ставреска од ЕК СТРМЕЦ- Охрид 9 место
Следен настап на македонските едриличари во овој „бурен” период е учеството на Истанбул Саилинг њеек односно Едриличарската недела во Истанбул, Р. Турција.
Државно првенство Класа
ОПТИМИСТ
Во организација на Едриличарскиот клуб СТРМЕЦ - Охрид и Едриличарската федерација на Македонија, на 21 и 22 јуни 2008 во Охрид се одржа Државното првенство во едренје за Класата ОПТИМИСТ.На првенството зедоа учество 20 едриличари од три клуба: АМАК СП БОФОР - Охрид, СНЕГАР - Струга и СТРМЕЦ - Охрид по многу поволни временски услови, се одржаа седум трки.
Неприкосновен во генералниот пласман беше Димитар Поп-Стефанија од АМАК СП БОФОР, кој во шест трки го завзеде првото место и заслужено е освои титулата државен првак за Класата Оптимист во 2008 година, второто место и припаднана на Елена Ставреска од СТРМЕЦ и третото место го освои Ердал Лушо од СНЕГАР.
Во конкуренција за девојки прва беше Елена Ставреска, втора Мартина Каневче и трета Бојана Радеска.
Меѓународна регата „ Софија 2008 “ во Класите Оптимист и Ласер 4.7 23-25 Мај
Охридските едриличари од двата клуба се вратија од Меѓународната регата „ Софија 2008 “ за Оптимист и Ласер 4.7 која се одржа на езерото Искар, Р.Бугарија.Екипата која ја претставуваше Македонија беше составена од 9 натпреварувачи во класта Оптимист и тоа: Ставреска Елена, Димитар Поп- Стефанија, Трпоски Добре, Мартина Каневче, Дамјан Поп- Стефанија, Љупчо Бојаџи, Бојана Радеска, Луана Андоноска и Александар Димески.
Нашите „оптимисти” уште еднаш докажаа дека полека но сигурно го завземаат приматот во едрење на Балканските простори со што одличниот настап во трите натпреварувачки дена го заокружија со 7 медаљи (3 златни, 1 сребрена и 3 бронзени).
Резултати: Генерален Пласман
1. место Димитар Поп- Стефанија
3. место Добре Трпоски
Женска конкуренција
1. место Мартина Каневче
2. место Елена Ставреска
3. место Луана Андоноска
Во категорија до 12 години
1. место Радеска Бојана
3. место Александар Димески
Резултати од Првенеството на Југоисточна Европа за Оптимист
Македонската репрезентација во едрење составена од пет ериличари се врати од Плич, Србија каде зеде учество на Првенеството на Југоисточна Европа за Оптимист што се одржуваше во деновите од 14-18 мај 2008 .Во досега најсериозната конкуренција од претставниците на Националните едриличарски тимови од Словачка, Алжир, Кипар, Унгрија, Црна Гора , Ерменија и домакинот Србија, наште репрезентативци ги завзедоа следните места:
Едрал Љушо од ЕК „ Снегар ”- Струга 19то место
Димитар Поп- Стефанија од ЕК„ Амак сп - Бофор ” - Охрид 25то место
Добре Трпоски од ЕК „ Амак сп - Бофор ” - Охрид 32ро место
Мартина Каневче од ЕК „ Амак сп - Бофор ” - Охрид 34то ( 7 мо во женска конкуренција)
Елена Ставреска од ЕК „ Стмец ” - Охрид 40место (10 то во женска конкуренција)
South East European Open Optimist Cup || Резултати || Слики
Првенеството на Југоисточна Европа за Оптимист - Палиќ, Р.Србија 14-18 Мај 2008
Македонската репрезентација во едрење составена од пет ериличари од 14-18 мај 2008 год. ќе земе учество на првенеството на Југоисточна Европа за Оптимист во Палиќ, Р.Србија.
Нашите репрезентативци Димитар Поп - Стефанија, Добре Трпоски и Мартина Каневче од ЕК Амак сп- Бофор од Охрид, Елена Ставреска од ЕК Стрмец- Охрид и Едрал Љушо од ЕК Снегар- Струга ќе имаат можност да ја измерат силата на една од најмасовните регати на нашиве простори, каде во истата класа се очекува да настапат над 100 едриличари.
Покрај земјите од Југоисточна Европа свое учество имаат пријавено и претставници од Кипар, Словачка и Јапонија.
Македонските едриличари на ова првенство ќе се натпреваруваат по втор пат, и оваа година се очекуваат уште подобри резултати.
Куп на Македонија „ Минитонец 2008“ - Резултати
На Првомајската регата Куп на Македонија„ Минитонец 2008“ која оваа година се одржа за прв пат, учество зедоа седум екипажи од 4 клуба од државава: Амак Сп- Бофор од Охрид, Сирма од Струга, Пампур од Скопје и домаќинот Стрмец од Охрид .
Од предвидените 3 регати се одржаа само 2 поради намлувањето на брзината на ветрот, но и покрај тоа трките изобилуваа со возбуда пред се поради променливоста на резултатите.
После првата трка Екипата на Акватика стига прва на целта, а екипата на Милка заврши втора. Трета на целта пристигна екипата на Мара. Меѓутоа втората трка донесе пресврт на резултатите со што учесниците од Ек Сирма со Винту, се изборија за подобар пласман и генерално го освоија третото место. Акватика заврши втора, а трофејот го освои Екипата на Милка.
Инересот предизвикан и од страна на учесниците и од страна на многубројните граѓани и туристи за време на првомајските празници ја наметнаа идејата за што поголемо омасовување на ово настан во иднина.
Резултати:
I место МИЛКА екипаж:
Стевчо Јованоски, Сашо Китаноски, Бојан Балабан
II место АКВАТИКА- екипаж:
Стефан Ставрев, Љупчо Поп -Стефанија, Кате Бујароска
III место ВИНТУ- екипаж:
Владимир Кавај, Томе Андреески
IV место МАРА- екипаж:
Христијан Шапкар, Алан Каоу, Димитар Поп- Стефанија, Тања Ристоска
V место ВАРИЈАНТА- екипаж:
Рубин Заревски, Игор јарчевски, Јован Поповски
VI место ЉУШЕ- екипаж:
Љупчо Николоски, Влатко Милев, Кузман Клековски
VII место ГАЛИЈА- екипаж:
Фарук Љушо, Драги Келешоски
1-ви Мај 2008 Куп на Македонија„ Минитонец 2008“
Расписот на Купот на Македонија„ Минитонец 2008“ можете да го симнете овде
Мегународна регата "Софија Пролет 2008" 17 - 20 Април
Охридските едриличари од двата клуба “АМАК СП-БОФОР” и “СТРМЕЦ” се вратија од меѓународната регата СОФИЈА - ПРОЛЕТ која се одржа на Езерото Искар, во Р.Бугарија, каде покрај Македонија, учество зедоа и Србија, Романија, Грција и земјата домаќин, Бугарија.Нашите едриличари ги измерија силите во две класи Оптимист и Ласер Стандард, при што најдобар пласман во класата Опимист освиои Елена Ставреска, која се закити со бронзен медал, а веднаш по неа беше Емилија Маневска. Во генерален пласман во истата класа од вкупно 36 натпреварувачи Димитар Поп- Стефанија го освои 6 тото, а Добре Трпоски 16 тото место.
Милески Љубиша во класта Ласер Стандард беше 6 ти .
Мегународна едриличарска регата ”Бованско Езеро 2008”
На Мегународната едриличарска регата ”Бованско Езеро 2008”, сто се
одржа во Ниш,Србија, во деновите од 11. 04. до 13. 04. 2008 год. нашата
земја ја претставуваше Лјушо Ердал од ЕК Снегар Струга кој во класата
Оптимист во конкуренција од 33 натпреварувачи го освои 13 место.
Започна натпреварувачката сезона за 2008 год.
Со учеството на Мегународната Велигденска Nokia
Регата, за класата Оптимист, која во деновите од 21- 23 март се одржа
во Порторож, Словенија, започна овогодишната натпреварувачката
сезона
за Македонските едриличари.Во одличната конкуренција од околу 300 натпреварувачи од 8 земји: Италија, Австрија, Словенија, Србија, Германија, Велика Британија, Америка, двајцата наши претставници Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР, Струга и Димитар Поп-Стефанија од ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид во машка конкуренција се пласираа на 113 односно 129 место.
Velikonočna Nokia regata 2008 || Резултати || Видео || Слики


























































