За ЕФМ
Регати во Македонија
Регати во странство
Документи

ISAF

Едриличарски Клуб АМАК СП БОФОР

Едриличарскиот клуб Стрмец

Агенција за млади и спорт

Добредојдовте...

Сезона 2007 || Сезона 2008 || Сезона 2009 || Сезона 2010

 33 Меѓународна Новогодишна регата „ Laser Europa Cup 2009 “

Заврши 33 Меѓународна Новогодишната регата „ Laser Europa Cup 2009 “, која од 28-31 декември 2009 се одржа во Хвар, Р. Хрватска.

Македонија се најде помеѓу 19 земји учеснички на Еврокупот и тоа: Русија, Швајцарија, Германија, Хрватска, Австрија, Италија, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Франција, Финска, Израел, Украина, Турција, Португалија, Литванија, Србија, Украина Вкупно 124 претставници од овие земји ги измерија силите во трите класи : Ласер Стандар, Ласер Радијал и Ласер 4.7 . Нашиот едриличар Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР – Струга, во конкуренција од вкупно 62 едриличари во класата Ласер 4.7 го освои 55тото место.

 IV-та 11 Октомвриска Пампур Регата

Продолжувајќи ја традицијата, ЕК Пампур ја организираше IV-та 11 Октомвриска Пампур Регата од 03.10-10.10.2009 во акваториумот на Јужен Јадран, Хрватска односно Сплит, Хвар, Брач, Корчула, Ластово и Вис.

Согласно одлуката на Организациониот одбор и Директорот на Регатата – Коце Петров, екипите се собраа во Сплит од каде беа изнајмени едрилиците за потоа да имаат два дена за тренинг и запознавање.

На 06.10.2009 во прекрасната атмосвера на ресторанот Вал во малиот залив Кут на Вис се одржа свеченото отворање на Регатата, се разбира со прекрасна „морска“ вечера, клапска музика и убаво дружење.

На Регатата учествуваа 116 едриличари во 17 екипи: T-Mobile – 5 екипи; Семос,  Карпа, Шарпланинци, Vertigo Wave, Жеже-Пече, Загор, Остварувачи, Пирати, Vision & Friends, Caffetin cold, Гладијатори и екипата на Форца – вон конкуренција.

Со Одлуката на Регатниот одбор и според Регатните правила – екипите беа поделени во две категории – Категорија 1 до 43 стопи и Категорија 2 од 45-50 стопи.

Регатата беше навигациска и се одвиваше во две трки: 07.10 – Вис – Милна на Брач и 08.10 – Милна на Брач – Палмизана, според мапите подготвени од Регатниот одбор.

После првата трка беа постигнати следните резултати: во категоријата над 45 фита: прво и второ место беа екипите на T-Mobile, а трето место – Шарпланинци, додека во Категоријата до 45 фита: прво место екипата на Жеже Пече, второ место – Семос и трето место – Загор. За жал на средина на втората трка немаше ветар и Регатниот одбор донесе одлука да се прекине втората трка. Со оглед на тоа дека втората трка беше прекината за конечни резултати беа прогласени резултатите од првата трка.

Завршувањето на Регатата и прогласувањето на победниците беше направено во еден од најубавите заливи на Јадран, заливот Виноградишче на Паклени Острови кои се наоѓаат спроти градот Хвар. Во атмосфера полна со романтика, на отворено, заплискани од ажурните бранови и месечевата светлина, под стеблата на старите борови и мирисот на егзотичните билки, се разбира со богато мени од морски плодови и риба и добра музика, учесниците на Регатата уживаа долго во ноќта.

Еве ја и изјавата на одушевениот Претседател на ЕК Пампур – А. Пајковски: „Доколку пред 3 години, за време на Првата 11 Октомвриска Пампур регата, некој ми поставеше прашање – дали повторно ќе бидеме на Јадран, на иста ваква регата, за две години – ќе му одговорев – Да, затоа што уште по првиот ден на на Првата Регата бев сигурен дека таа ќе стане традиционална. Она што тогаш не го знаев е дека овој Октомври организираме Четврта Регата на ЕК Пампур со уште поголема енергија и посветеност отколку на почетокот, со многу поголемо искуство и знаење, со најголем број на учесници досега и во безпрекорна организација“

            

 Ветеранската едриличарска регата во Опимист 11 Октомври 2009

Едриличарите, го прославија празникот 11 Октомври, на свој начин, организирајќи ја по 4ти пат Ветеранската регата  во Оптимист, каде возрасните беа деца а децата организатори.

Младите членови од Едриличарскиот клуб АМАК СП – БОФОР  докажаа дека не само што се одлични едриличари, туку и одлични организатори на регати, и дека претставуваат цврст столб на едрењето во Македонија во секој поглед.

На оваа регата покрај едриличарите од клубот домаќин учество зедоа и ветераните од  ЕК СТРМЕЦ - Охрид.

Љупчо Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ - Охрид, трета година по ред го зазема првото место, второпласиран беше Деан Ошавков од ЕК АМАК СП -БОФОР, а третото место му припадна на  Стефан Ставрев од истиот клуб.

Клубот домаќин планира оваа регата, која е од забавен карактер,  редовно да се одржува и во наредните години , а со цел младите едриличари кои во случајов беа Судии и членови на Регатен и Протестен Одбор да  го научат начинот на организирање на регати како и да ги унапредат знаењата за Регатните правила.

                                                                                    

  Есенска регата во организација на ЕК СТМЕЦ 27 Септември 2009

Во организација на Едриличарскиот клуб СТРМЕЦ од Охрид и Едриличарската федерација на Македонија, се одржа “Есенска регата” на која едриличарите од Македонија се натпреваруваа во две класи: Минитонец и Микротонер. И покрај променливите услови на ветрот се одржа вкупно три трки.

Ова се пласманите по екипажи

Класа Минитонец: 1. Milka 2. Karpa 3. Hunter

Класа Микоротонер: 1. Inkognito 2. Aquatica 3. Pajnik

                                          

 Мегународна регата СОФИЈА ЕСЕН 20 Септември 2009

Викендов што измина, на одржаната Мегународна регата СОФИЈА ЕСЕН на езерото Искар, Р. Бугарија, учество зедоа тројца едриличари од ЕК СНЕГАР - Струга  и се вратија со две сребрени медали, благодарение на Едрал Лушо кој се натпреваруваше во класата Ласер 4.7, и екипажот Ќелешоски /  Лушо  Ф. кои зедоа учество во класата  470.

Мегународна регата СОФИЈА ЕСЕН 2009

 Дипломатска Регата 13 Септември 2009

Во одлична организација на едриличарските клубови СНЕГАР и СИРМА од Струга и Едриличарската федерација на Македонија, за прв пат во нашата земја се одржа Дипломатска Регата, на која учество зедоа претставници од амбасадите во Македонија, заедно со македонските едриличари.

На регатното поле пред х. Дрим во Струга, силите ги измерија вкупно 9 екипажи кои се натпреваруваа во класата Минитонец и Микротонец. Ова се резултатите кои ги постигнаа:

Во Класа Минитонец, првото место го освои екипата на VIKO 25, второ пласирани беа претставниците на Американската Амбасада со MILKA, а третото место му припадна на екипажот на VINTU.

Во класата Микротонец, со златен медал се закитија претставниците на Швајцарската Амбасада со HUNTER, среброто го освои екипата на KSK NAUTICA- INKOGNITO, а бронзата отиде кај екипажот на VARIJANTA.

Покрај извонредниот организационо - натпреварувачки дел, оваа регата ја оствари својата цел за дружење на едриличарите но и запознавање на странските дипломати со можностите и големите потенцијали за развој на едрењето како спорт, но и како туристичко - рекреативна можност во Македонија изјави Ѓоко Гучески- Член на Организациониот одбор на Регатата.

Резултатите од Дипломатска Регата 2009
   
                                                                                                                  

 Македонската едриличарска репрезентација ја напушти Балканијадата во Долни Милановац

На  42-от Балкански Шампионат во Едрење што од 2 до 6 септември 2009 год. се одржа во Долни Милановац, Р. Србија и покрај навремената реакција  од страна на Едриличарската федерација на Македонија дека нашата земја треба да се именува под уставното име, а не со референцата ФЈРМ како што стои на официјалната интернет страна на ЈСС (Едриличарски сојуз на Србија), таа исправка не беше направена.

Свеченото отворање  на Шампионатот за брзо време се прекина од страна на организаторот по барање на Грчкиот тим, бидејќи  Македонските едриличари носеа маици со натпис MACEDONIAN SAILING TEAM. По поставениот ултиматум од старана на организаторот да се соблечат маиците или да се напушти Свеченото отворање, Извршниот Одбор на Едриличарската федерација на Македонија донесе едногласна одлука за повлекување на  14 члената репрезентација од Балканијадата.

После тој чин, Свеченото отворање продолжи по својот протокол но без интонирање на Македонската химна и без подигнување на Македонското знаме.

 Куп на Ѓердап во Р. Србија 27 - 30 Август

Меѓународната регата Куп на Ѓердап деновиве од 27-30 август 2009 се одржа во Долни Милановац Р. Србија, во организација на  едриличарскиот клуб “АЈК Београд” и Едриличарскиот Сојуз на Србија.

На регатата учество зедоа вкупно 4 земји: Македонија, Црна Гора, Бугарија и домаќинот Србија.

Едриличарите од триете Македонски клуба  ЕК АМАК СП-БОФОР и  ЕК СТРМЕЦ од Охрид, како и ЕК СНЕГАР од Струга, настапија во 3 класи: Оптимист, Ласер Стандард  и 470.

Ова е нивниот пласман по класи:

Класа Оптимист генерален пласман( вкупен број на учесници 58)


Ердал Лушо ЕК СНЕГАР- Струга 6то место
Димитар Поп-Стефанија ЕК СТРМЕЦ- Охрид 13то место
Мартина Каневче ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид 17то место( женска конкуренција 4то)
Елена Ставреска ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид  25то место (женска конкуренција 6то место)
Иван Суклоски ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид  32ро место
Новица Велјаноски ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид 42ро место( во категорија до 12год. 16то место)
Дамјан Поп- Стефанија ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид 47мо место( во категорија до 12год. 18то место)
Ирена Грунче ЕК АМАК СП-БОФОР, Охрид 45то место(женска конкуренција 10то место)

Класа Ласер Стандард (вкупно учесници 12)

Кирил Мирчески ЕК СНЕГАР, Струга 8мо место
Славчо Мошоски ЕК АМАК СП- БОФОР,Охрид 9то место

Класа 470 (Вкупно учесници  10)

Фармакоски/ Ќосески 4то место
Грданоски/ Чаторошкоски 9то место

Меѓународна регата Куп на Ѓердап 2009

 Известување за постигнати резултати на Македонските едриличари на Istanbul Sailing Week 2009 18-23 Август

На еднонеделната Регата Istanbul Sailing Week, што се одржа во Истанбул, Р. Турција, каде нашите едриличари Љубиша Милески од ЕК АМАК СП- БОФОР настапи во класата Ласер Стандард и од вкупно 20 едриличари беше 14ти, а Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР, во класата Ласер Радијал од вкупно 63 натпреварувачи се пласира на 37мото во генерален пласман и 32ро во машка категорија. На овогодишната регата учество зедоа едриличари од вкупно 12 земји и тоа:

Англија, Тунис, Египет, Португалија, Романија, Пакистан, Србија, Израел, Канада, Бугарија и домаќинот Турција.

The President's Cup Istanbul International Sailing Races 2009

Државно Првенство во Едрење за класата Оптимист до 12 год 22-23 Август

во организација на Едриличарската федерација на Македонија и ЕК АМАК СП -БОФОР се одржа Државното Првенство во класата Оптимист до 12 год. на кое учество зедоа  вкупно 16 најмлади едриличари од два клуба  ЕК СНЕГАР- Струга и домаќинот ЕК АМАК СП- БОФОР од Охрид. Првиот натпреварувачки ден временските услови дозволија да се одржи вкупно 4 трки.

Ова се резултатите од Првенството:

1. Дамјан Поп- Стефанија - ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
2. Илче Грунче ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
3. Новица Велјановски ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
4.Александар Димески ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
5.Игор Каневче ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
6.Роме Попоски ЕК СНЕГАР, Струга
7.Ардијан Фејзулоски ЕК СНЕГАР, Струга
8.Игор Димески ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
9.Александра Јанкоска ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
10.Никола Костоски ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
11.Александар Љушески ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
12.Александар Маркоски ЕК СНЕГАР, Струга
13.Дамјан Петкоски ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид
14.Газмент Фејзулоски ЕК СНЕГАР, Струга
15.Бојан Гаврески ЕК СНЕГАР, Струга
16.Петар Бачев ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид

Вториот натпреварувачки ден беше предвиден за тренинг - регатата во Тимско едрење што претставуваше своевидна припрема за  Балканскиот Шампионат кое за прв пат оваа година  се воведува за класата Оптимист. На 26.08.2009 год. македонските едриличари тргнуваат за Долни Милановац, Р. Србија каде прво ќе земат учество на регатата Куп на Ѓердап, а веднаш потоа ќе настапат на Балканијадата што ќе се одржи на истото место.

                                    

 меѓународна едриличарска регатата - Куп на Голубац, Р. Србија.

Македонските едриличари  се вратија од меѓународната  едриличарска регатата Куп на Голубац, која од 6-9 август 2009 се одржа во Голубац, Р. Србија.

На регатата учество зедоа вкупно 95 едриличари од 6 земји и тоа: Црна Гора, Италија, Унгарија, Бугарија, Македонија и домаќинот Србија и ги измерија силите во класите: Оптимист, 470, Фин, Ласер Стандард, Ласер Радијал и Ласер 4.7.

Нашиот претставник од Струга, Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР, во класата Ласер 4.7, го освои второто место и се закити со сребрен медал .

Димитар Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ, Охрид, кој настапи во набројаната класа, класата Оптимист и од вкупно 55 учесници  се пласираа на 5то , додека Дамјан Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП- БОФОР, Охрид, во истата класа се пласира на 38то
место.

 Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2009

Заврши Меѓународната  Илинденска Едриличарска регата„ Охрид 2009“, која оваа година се одржа по 41 пат, во деновите од 31јули- 02.август 2009 год. Во организација на ЕК АМАК СП- Бофор од Охрид и Едриличарската федерација на Македонија под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.
На регатата учество зедоа вкупно 80 натпреварувачи од шест земји и тоа: Србија, Црна Гора, Швајцарија, Франција, Германија и Македонија.
Временските услови во трите натпреварувачки дена дадоа можност успешно да се направат вкупно 9 трки, односно првиот и вториот ден по четири а третиот ден една.
Клубот домаќинот ЕК АМАК СП- БОФОР, од Охрид и оваа година беше добитник на Златната маска, за севкупен победник на регатата со освоени 10 медали од кои 3 златни, 3 сребрени и 4 бронзени.

 Слики од Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2009

Погледнете го специјалниото Slideshow за Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2009

Slideshow за Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2009

  Резултати од Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2009

Резултатите од Меѓународната Илинденска Регата Охрид 2009    PDF - Формат

 Известување за постигнати резултати на македонските едриличари на European Optimist Championship 2009

Македонските репрезентативци во Едрење се вратија од Европскиот Шампионат за Оптимист што од 04-12.јули 2009 се одржа во Пиран, Словенија.
На првенството покрај Македонија учество зедоа вкупно 38 земји и тоа:Сан Марино, Словачка, Андора, Словенија, Естонија, Чешка, Бугарија, Финска, Белгија, Норвешка, Украина, Ирска, Хрватска, Израел, Португалија, Нов Зеланд, Србија, Австрија, Англија, Јапонија, Монако, Шпанија, Аргентина, Швајцарија, Бразил, Литванија, Франција, Унгарија, Америка, Австралија, Шведска, Полска, Турција, Холандија Италија, Германија и Русија.
Во конкуренција од вкупно 147 едриличари во машка категорија и 100 во женска, нашите репрезентативци се пласираа на следниов начин, Категорија машки:Ердал Лушо 123то место, Димитар Поп- Стефанија 138мо место. Во женска категорија  Мартина Каневче беше 99та
European Optimist Championship 2009

 Известување за постигнати резултати на македонските едриличари на Istanbul International Optimist Week 2009

македонските едриличари Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР Струга и Димитар Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ Охрид, со вчерашниот настап го заокружија натпреварувањето на овогодинешната регата за Оптимист - Optiweek, која во деновите од 25-30 јуни се одржуваше во Истанбул, Турција.
На регатата силите ги измерија вкупно 135 едриличари од 9 земји и тоа: Данска, Израел, Тунис, Алжир, Англија, Романија, Полска, Македонија и домаќинот Турција, со што ова натпреварување се смета за едно од најмасовните и со најјака конкуренција за оваа класа. Двајцата наши претставници се пласираа на следниот начин:
Ердал Лушо 55то место
Димитар Поп- Стефанија 65то место
На страната на организаторот можете да пронајдете слики од овој спортски настан:
Istanbul International Optimist Week 2009

 Известување за постигнати резултати на мекедонските едриличари во Бела Црква 30 Јуни

Едриличарите од ЕК АМАК СП - БОФОР- Охрид, се вратија од меѓународната едриличарската регата што викендов се одржа во Бела Црква, Р. Србија .
Нашата екипа ја сочинуваа едриличарката Ирена Грунче која во класата Европа го освои првото место и се закити со златен медал и 5 едриличари во класата Оптимист кои во генерален пласман во конкуренција од 24 едриличари се пласираа по следниов редослед:

Добре Трпоски 6то место
Илче Грунче 8мо место
Елена Ставреска 10то место
Новица Велјаноски 11то место
Иван Суклоски 13то место

 Распис за Меѓународната Илинденска Регата во Охрид 2009 Г.

Едриличарскиот Клуб АМАК СП БОФОР и Македонската Едриличарска федерација, ве покануваат на:
Илинденска Регата Охрид 2009.

Расписот за регатата можете да го симнете Тука


Државно Првенство во Едрење за класата Оптимист и класата Европа 20 Јуни

викендов во Струга се одржа Државно Првенство во Едрење за класата Оптимист и класата Европа, во организација на Едриличарскиот клуб Снегар - Струга. На првенството учество зеде вкупно 21 едриличар од три клуба и тоа  двата охридски ЕК АМАК СП -БОФОР и ЕК СТРМЕЦ и клубот домаќин ЕК СНЕГАР од Струга. Во одлични временски услови и поволен ветар за Едрење беа одржани вкупно 4 трки за класата Оптимист и вкупно пет трки за класата Европа. Во класата Оптимист - генерален пласман во конкуренција од 16 едриличари, титулата Државен Првак ја одбрани минатогодишниот победник Димитар Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ - Охрид, второто место го освои Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР- Струга, а трета беше Елена Ставреска од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид.

Другите едриличари се пласираа по следниот редослед:
4 место  Трпоски Добре од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид.
5 место  Дамјан Поп- Стефанија ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид.
6 место  Иван Суклоски ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид.
7 место  Александар Димески ЕК СТРМЕЦ - Охрид
8 место  Илче Грунче ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид
9 место  Марија Мукоска ЕК СЕГАР- Струга
10 место Љупчо Бојаџи ЕК СТРМЕЦ - Охрид
11 место Фејзулоски Аргон ЕК СЕГАР- Струга
12 место Роме Попоски ЕК СЕГАР- Струга
13 место Новица Велјаноски ЕК СЕГАР- Струга
14 место Фејзулоски Агим ЕК СЕГАР- Струга
15 место  Габриела Попска ЕК СЕГАР- Струга
16 место Фејзулоски Г. ЕК СЕГАР- Струга

Во женска категорија најдобра беше Елена Ставреска од ЕК АМАК СП-БОФОР- Охрид, второто место го освои Марија Мукоска од ЕК СЕГАР- Струга, а третото место и припадна на Габриела Попоска од истиот клуб.

Во класата Европа, првото место го освои Кирил Мирчески од ЕК СЕГАР- Струга, второпласиран беше Димитар Чаторошкоски од истиот клуб,а трет Димитар Манчев од ЕК СТРМЕЦ - Охрид

Четвртото и петтото место им припаднаа на Ирена Грунче од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид односно на Косте Џонтески од ЕК СЕГАР- Струга.

Во периодот што следи едриличарите имаат повеќе настапи на меѓународен план. Веќе следниот викенд дел од нив заминуваат на регата во Бела Црква, Р. Србија, потоа следи настапот на една од најмасовните регати за Оптимист OPTIWEEK во Р. Турција, додека на 04.јули 2009 год. наши репрезентативци заминуваат за Пиран, Словенија каде ќе ја претставуваат Македонија на Европското Првенство за Оптимист.

Македонските едриличари активни на Државно и Меѓународно ниво 23-24 Мај

Во викендов што измина македонските едриличари беа активни како на Државно така и на Меѓународно ниво. Државното Првенство за класата ЛАСЕР и класата ФИН викендов се одржа во Струга во одлична организација на Едриличарскиот клуб „ Снегар“, од Струга и Едриличарската федерација на Македонија. За време на двата натпреварувачки дена се одржаа вкупно 5 трки. Државен првак во класата Ласер Стандард е Александар Фармакоски од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид. Со сребро се закити Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР –Струга, а трет беше Колески Климе од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид. На четвртото, петтото и шестото место беа едриличарите од Струга:Кирил Мирчески, Маријан Грданоски и Димитар Чаторошкоски, додека осми беше Мошоски Славчо од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид. Државен првак во класата Фин е Анрееески Иван од ЕК СНЕГАР –Струга, а второто место му припадна на Саше Бранковски од истиот клуб.

               

Во истиот период, тричлена екипа составена од подмладокот од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид, зеде учество на меморијалната регата „ Зоран Радосављевиќ“, што се одржа на Савско Езеро, во Р.Србија. Организатори на овој масовен натпревар беа : Здружението Зоран Радосављевиќ, Едриличарската федерација на Србија и Едриличарскиот клуб Ламар од Белград во соработка со Секретаријатот за млади и спорт и Општина Белград. Нашите претставници зедоа учество во класата Оптимист, каде во конкуренција од 41 едриличар се пласираа на следниот начин: Илче Грунче- 21во место, Дамјан Поп- Стефанија- 23то место, Љупчо Бојаџи – 35то место.

Освен во класата Оптимист, едриличарите се натпреваруваа и во класите Крстач и М550

Македонските Вип едриличари успешни на МАГ регатата 2009 16-23 Мај

Едриличарската екипа Оливера, Климент, Мирослав, Горјан, Блаже, Александар, и Игор водени од скиперот Клаус го освоија 3-тото место на генерален пласман во класата Oceanic на МАГ регатата 2009 во конкуренција од 26 едрилици. Маг регатата постана веќе 6 годишна традиција на Мобилком Австрија Групацијата во која учество земат сите компании кои се под нејзино водство. Локацијата оваа година беше околу Примоштен – Рогозница И Трогир Хрватска од 16-23 мај 2009. Голема благодарност за презентирањето на Македонија и докажувањето дека сме добри на секое поле иако немаме море.

Во класата Ласер 2, охриѓаните Климент и Оливера го освоија третото место во конкуренција од 12 тима. Исто така успех покажаа И во готвење каде го освоија 1вото место во спремање на црно ризото од Сипа со што покажаа дека македонската кулинари се добри мајстори.

Посебна благодарност Вип оператор и едриличарската екипа сака да искаже до едриличарскиот центар во Охрид за овозможениот тренинг и припремите пред големата регата.

                                             

Првенеството на Југоисточна Европа за Оптимист - Палиќ, Р.Србија 6-10 Мај

На овогодишното Отворено Првенство на Југоисточна Европа за Оптимист кое од 6-10 мај се одржа во Палиќ, Р. Србија учество зедоа репрезентации од 7 држави: Унгарија, Србија, Словачка, Црна Гора, Македонија, Канија и Бугарија.

Нашата држава ја претставија 5 репрезентативци и во конкуренција од 59 едриличари во класата Оптимист ги постигнаа следните резултати: Во генерален пласман Ердал Љушо го освои 12тото место, а веднаш после него беше Димитар Поп- Стафанија. Мартина Каневче го зазеде 26тото место, а во женска конкуренција беше 7ма. Марија Мукоска се пласира на 45 тото место, додека во женска конкуренција беше 20та.Најмалиот учесник од нашата репрезентација Дамјан Поп- Стефанија, беше 53, додека во категоријата до 12 год. беше 25ти.

Започна натпреварувачката сезона 2009

Со учеството на македонските едриличари од Струга таткото и синот Фарух и Ердал Љушо кои зедоа учество на регатата „Софија Пролет “, што се одржа (17, 18 и 19 април) на езерото Искар започна натпреварувачката сезона во Едрење.

На регатата Ердал Љушо се натпреваруваше во класата Ласер 4.7 и се закити со бронзен медал, додека Фарух кој настапи во класата Ласер Стандард го освои 5-тото место.

Календар на Регати за 2009 Год.

Календар на Регати

14-та Седница на извршниот одбор на ЕФМ

Извршниот одбор на Едриличарската федерација на Македонија ја одржа 14та седница, на која покрај другите точки на Дневниот ред се изгласа и Календарот на регати за 2009 год. кои ќе се организираат во државава.

Календарот предвидува организирање на вкупно 15 регати од кои 6 Државни првенства во сите постоечки класи .Регатите ќе се изведуваат на Охридското езеро и езерото Младост, а пријавени организатори се двата охридски клуба: ЕК АМАК СП –БОФОР и ЕК СТМЕЦ, двата струшки клуба: ЕК СНЕГАР и ЕК СИРМА, како и клубот ЕК ПЕЛИКАН од Скопје. Исто така македонските едриличари во 2009 год. ќе имаат голем број учества на меѓународен план.

Што се однесува до настапите на репрезентативците Едриличарската федерација на Македонија има амбициозни планови како учество на: Првенство на Југо-источна Европа за Оптимист во Палиќ-Србија Младинско Првенство за Ласер Радијал во Данска Европско Првенство за Оптимист во Пиран-Словенија Светско Првенство за Оптимист во Нитерој-Бразил и Балкански Шампионат во Долни Милановац – Србија.

Сезона 2007 || Сезона 2008 || Сезона 2009 || Сезона 2010