За ЕФМ
Регати во Македонија
Регати во странство
Документи

ISAF

Едриличарски Клуб БОФОР

Едриличарскиот клуб Стрмец



Едриличарски Клуб ПАМПУР

Агенција за млади и спорт

Добредојдовте...

Сезона 2007 || Сезона 2008 || Сезона 2009 || Сезона 2010 || Сезона 2011 || Сезона 2012


  ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ ЗА СПОРТСКА НАДЕЖ

На 22.декември во Универзалната сала во Скопје од страна на Владта на Република Македонија и Агенцијата за Млади и Спорт беа доделени дипломи за категоријата на спортист-СПОРТСКА НАДЕЖ.
За остварените спортски резултати во натпреварувачката 2010-2011 година ја добија седум едиличари Ердал Лушо, Кирил Мирчески, Димитар Поп-Стефанија, Новица Велјаноски, Дамјан Поп-Стефанија, Илче Грунче и Златко Златески. Овие млади момци со голем спортски дух учествувајќи на повеќе регати и постигнатите успеси со право се најдоа во плејадата на македонските спортски надежи. Од нив, заедно со целата нивна едриличарска генерација, се очекува да постигнат уште поголеми успеси и достојно да го претставуваат едриличарскиот спорт.
Честитки за добиените дипломи, да им посакаме поголеми успеси во понатамошните едриличарски натпреварувања.

  СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ОЛИМПИСКИ КЛАСИ Перт 2011 03 - 18 Декември 2011

Во Перт, Австралија од 03-18 декември, се одржа Светското Првeнство за едрење во Олимписки класи.
На првенството зедоа учество 79 држави. Во различните временски услови во водите на Индискиот океан едриличарите од цел свет ги покажаа своите високи едриличарски вештини. Ова светско првенство има големо значење бидејќи со пласманот ќе се квалификуваат 75% од учесниците на Олимписките игри во Лондон 2012 година.
Светски прваци се:
LASER RADIJAL W - BOUWMEESTER Marit (NED)
470 M - BELCHER Mathew, BITHELL Stuart (AUS)
RS:X W - KORZITS Lee (ISR)
FINN - SCOTT Giles (GBR)
STAR - SCHEIDT Robert, PRADA Bruno (BRA)
470 W - PACHECO Tara, BETANZOS Berta (ESP)
49 R - OUTTERIDGE Nathan, JANSEN Iain (AUS)
RS:X M - VAN RIJSSELBERGHE Dorian (NED)
LASER STANDARD M - SLINGSBY Tom (AUS)
W MR - TUNNICLIFFE Anna, CAPOZZI Deborah, VANDEMOER Molly (USA)

      
      
      
      
    


  ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПЕСНИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ ВО 2011 ГОДИНА

Едриличарската федерација на Македонија традиционално одржа свечена седница, по повод славењето на празникот Св.Никола, заштитникот на сите кои пловатпо сините широчини. На денешен ден сите кои пловат ги фрлаат своите сидра во водата и го прославуваат Св. Никола. Христијаните веруваат дека Св.Никола Чудотворец спасил многу луге кои се нашле во невољи кога пловеле на водата, турците го препознаваат овај чудотворец како Ноел Баба.
Македонските едриличари, традиционално на свечен собир ги прогласуваат најуспешните едриличари во Македонија. Плакетата за најуспешна едриличарка за 2011 година, и припадна на Ирена Грунче од Едриличарскиот клуб БОФОР од Охрид, додека најуспешен едриличар е Новица Велјаноски од истиот клуб.
Во изминатата година македонските едриличари настапија на Европското првенсво во класата Ласер 4.7, Балканскиот шампионат за Олимписки класи и Оптимист, на повеќе меѓународни регати во земјата и странство, организираа Илинденска регата и Државни првенства.

      


  ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД СВ.НИКОЛА

Едриличарската Федерацијана Македонија им го честита на сите едриличари, празникот Св. Никола -заштититникот на сите кои пловат по океаните, морињата, езерата и реките. Им пожелуваме уштемногу години да се радуваат на сините широчини.



  Дубровничка регата 2011 - Резултати 7 - 9 Октомври 2011

Во периодот од 7-9 октомври 2011, во организација на Едриличарскиот клуб "Орсан" од Дубровник, во идеални услови за едрење, се одржа Дубровничка регата 2011, во класата Оптимист, на која настапи едриличарската елита од Хрватска и Црна Гора.
На оваа регата настапија и охридските клубови Бофор и Стрмец со 4 едриличари. Вкупен број на пријавени едриличари - 85.

Резултати:
Новица Велјаноски - Бофор 44 место,
Игор Каневче - Бофор 58 место
Дамјан Поп Стефанија - Бофор 75 место
Иво Илинчев-Стрмец 76 место

         
   


  44-то Отворено Балканско Првенство за оптимист и олимписки класи - Измит, Турција - Резултати 4 - 9 Септември 2011

Македонските едриличари се вратија од 44-то Отворено Балканско Првенство за оптимист и олимписки класи кое се одржа од 4 - 9 септември во Измит, Турција.
Резултати:
Класа оптимист, генерално од 75 натпреваруваци:
38 место Новица Велјаноски,
54 место Иво Илинчев,
55 место Дамјан Поп Стефанија,
57 место Илце Грунце,
58 место Игор Каневче,
69 место Златко Златески,
71 место Никола Чуркоски,
72 место Ардијан Фејзулоски,
73 место Евелина Арнаудова,
74 место Стефан Миладинов,

оптимист до 12 години:
20 место Иво Илинцев,
21 место Дамјан Поп Стефанија,
22 место Игор Каневче,
31 место Златко Златески,
33 место Ардијан Фејзулоски

оптимист жени:
Евелина Арнаудова - 24 место

класа ласер стандард:

Љубиша Милески - 17 место,
Ердал Лушо - 18 место

класа 470:
Кирил Мирчески/Димитар Чатороскоски - 12 место

Одлични временски услови и одлична организација.

         
         


  Државно првенство Optimist Europa Laser - Струга 2011

На регатнотополе пред плажата во Струга се одржа Државното првенство во едрење во класите Оптимистјуниори до 12 години, Европа и Ласер стандард.
На првенствотозедоа учество охридските Едриличарски клубови БОФОР и СТРМЕЦ и домаќинот Едриличарскот клуб СНЕГАР од Струга.
Во многу пријатни услови за едеење соумерен јужен ветар се одржаа три регатни трки.
Кај нанајмладите државен првак е Иво ИлинЧе од Стрмец,второтоместо го освои Дамјан Поп-Стефанија од Бофор, трет е Игор Каневче од Бофор.
Во класата европа поуспешни беа охридските девојки државна првенка е Ирена ГрунЧе од Бофор, второто место за Елена Ставреска од Стрмец и трета е Мартина Каневче од Бофор.
Најискусните едриличари ги предводеше еден од најуспешните во последните години Ердал Лушо од Снегар, второто место за Љубиша Милески од Стрмец и трет о за Марјан Грданаски од Снегар.
На победниците им беа доделени медаљи.

ИЗВЕШТАЈ НА РЕГАТНИОТ ОДБОР НА "ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО" ВО КЛАСИТЕ: ОПТИМИСТ, ЕВРОПА и ЛАСЕР Стандард

         
      


  Државно првенство во едрење за класите Оптимист и Ласер 4.7 - Охрид - резултати 21 Август 2011

Во Охрид на регатното поле Пристаниште - Горица - Канал Студенчишта се одржа Државното првенство во класите Оптимист и Ласер 4.7.
Настапија дваесетина најдобри едриличари од клубовите СНЕГАР и СИРМА од Струга, СТРМЕЦ и БОФОР од Охрид.
По непостојан ветар од променлив правец се одржаа три регатни трки. Во класата Оптимист по голема неизвесност државен првак стана Илче Грунчеод Бофор-Охрид, неговиот клубски другар Игор Каневче се закити со сребрен медал, третото место и бронзениот медалго освои Златко Златески од Снегар-Струга. Во категоријата на девојки во Оптимист се натпреваруваа две едриличарки поуспeшна беше Евелина Арнаудава од Бофор Охрид.
Во класата Ласер 4.7 државен прваке Ердал Лушо од Снегар-Струга, второто место го освои Димитар Поп-Стефанија од Бофор-Охрид,на трето место се пласир Агим Фејзулоски од Снегар-Струга.
Покрај незгодните временски прилики Државното првенство помина во добра организација на Едриличарскиотклуб Бофор.

         


  Државно првенство во едрење за класите Оптимист и Ласер 4.7 - Охрид 21 Август 2011

Недела во Охрид со почеток во 10 часот на регатното поле Пристаниште - Горица - Канал во Организација на Едриличарскиот клуб БОФОР ќе се одржи Државно прврнство во класите Оптимист и Ласер 4.7.
На првенството ќе настапат дваесетина млади едриличари во класата Оптимист која ќе се бодува како генерален пласман и посебно пласман за девојките. Во класата Ласер 4.7 се очекува да настапат десетина едриличари. На државното првенство ќе настапат едриличари од струшкоте клубови СНЕГАР и СИРМА и охридските клубови СТРМЕЦ и домаќинот БОФОР. Во нарeдната недела во Струга ќе се одржи Државно првенство други три класи.
Со овие првенства ќе се определат дефинитивниот состав на едриличарскиот тим кој во почетокот на септември ќе е претставува Македонија на Балканскиот шампионат во Олимписки класи и Опримист, кој ќе се одржи во Измит, Турција.

   


  Меѓународна Илинденска Регата 2011 31 Јули - 2 Август 2011

Овогодинешната 43-та традиционална меѓународна Илинденска Регата официјално заврши вчера (2-ри Август) со свечерно затворање и доделување на медаљи.
Овие три дена, додека се одржуваше регата, беа богати со ветар на задоволство на сире едриличари со што се извозеа околу 10 трки.
Резултатите со поединецни категории се следниве: класа ОПТИМИСТ(до 12год) :
1во место: Игор Каневче, ек БОФОР, Охрид
2ро место: Дамјан Поп Стефанија, ек БОФОР, Охрид
3то место: Иво Илинчев, ек СТРМЕЦ, Охрид

класа ОПТИМИСТ (девојки)
1во место: Лариса Буљовчиќ, ек. ЗОРАН РАДОСАВЛЈЕВИЌ, Ниш
2ро место: Стела Буљовчиќ, ек. ЗОРАН РАДОСАВЛЈЕВИЌ, Ниш
3то место: Софија Добрички, ек. ПАЛИЦ, Палиц

класа ОПТИМИСТ (генерално):
1во место: Новица Вељаноски, ек БОФОР, Охрид
2ро место: Лариса Буљовчиќ, ек. ЗОРАН РАДОСАВЛЈЕВИЌ, Ниш
3то место: Игор Каневче, ек БОФОР,Охрид

класа ЕВРОПА:
1во место: Мартина Каневче, ек БОФОР,Охрид
2ро место: Јетон Бериша, ек СНЕГАР, Струга
3то место: Агим Фејзулоски, ек СНЕГАР, Струга


класа 470:
1во место: Анџелија Милосављевиќ и Михајло Милосављевиќ, ек. ЗОРАН РАДОСАВЛЈЕВИЌ, Ниш
2ро место: Јелена МилосављевиЌ и Томислав Томиќ, ек. ЗОРАН РАДОСАВЛЈЕВИЌ, Ниш
3то место: Кирил Мирчески и Димитар Цаторошкоски, ек СНЕГАР, Струга


класа ЛАСЕР 4.7:
1во место: Ердал Лушо, ек СНЕГАР, Струга
2ро место: Димитар Поп Стефанија, ек БОФОР, Охрид
3то место: Стефанија Добрицки, ек ПАЛИЦ, Палиц


класа ЛАСЕР РАДИАЛ:
1во место: Маријан Грданоски, ек СНЕГАР, Струга
2ро место: Лоуана Андоноски, ек БОФОР, Охрид
3то место: Никола Рњак, ек ЗЕМУН, Земун


класа МИКРО ТОНЕР:
1во место: Драган Ѓорѓевиќ, ек ЗЕМУН, Земун
2ро место: "Цариц" Жељко Драгосава, ек ЗЕМУН, Земун
3то место: "Aquatica" ек БОФОР,
екпаж:
Кате Бујароска, Алмир Рахимоски, Слободан Дренковски

класа МИНИ ТОНЕР:
1во место: "Милка" ек БОФОР, Охрид
екипаж:
Ванцо Јованоски, Стефцо Јованоски, Марта Пејоска
2ро место: "Варијанта" Гоце Недески, ек БОФОР, Охрид
3то место: "МекГрегор" ек БОФОР, Охрид екипаз :
Александар Годзо, Драган Годзо, МИхајло Арнаудов, Харалампие Схокаровски

         


  Заврши Европското првенство во класата Ласер 4.7

Во Воркум, Холандија заврши Европското прврнство воедрење во класара Ласер 4.7. Од предвидените шест натпреварувачки дена се едреше само три дена и се одржаа седум регатни трки.
Во променливи временски услови и студено време за овај период на моменти многу јак ветар, дожд и без ветар се одржа првенството.
Македонските едриличари се пласираа во четвртата квалитетна грипа Ердал Лушо на 34-то место, Димитар Поп-Стефанија на 65 то место кога изгуби десетина места со хаваријата на едрилицата во последните две трки. Сепак задоволни сме од овај прв настап во вакво елитно едриличарско друштво.
Европски првак е швајцарецот Себастијан Шнајдер, од девојките најдобра е холанѓанката Максиме Јонкер, од помладите девојки под 16 години грчката едриличарка Атанасија Факиди.
Посебно пријатно изненади победата на едриличари под 16 години српскиот едриличар Лука Тошиќ.
Европското првенство помина во беспрекорна организација на холандските едриличарски работници.

      


  Македонските едриличари на Европското првенство во класата Ласер 4.7 6 - 14 Јули 2011

За прв пат македонските едриличари Ердал Лушо и Димитар Поп-Стефанија го развиориа македонското знаме на Европско првенство во класата Ласер 4.7. Првенството се одржува во Воркум, Холандија во водите на Северното море. На првенсвото има преку четристотини едриличари од европските земји и гости од други континенти. Првите два дена изминаа во посебно тешки и променливи временски услови, со ветар кој достигнувал и преку 50 км/ч и променлив правец. Прв пат македонските едриличари едреа на магловито време и други спесифични услови на ова студено море.
После првите два натпреварувачки дена Лушо се наоѓа на 219-то место, Димитар на 257-мо место. Со ваквиот пласман треба да бидеме задоволни бидејќи ова е прв настап на ваква престижна едриличарска регата, каде нашите момчиња се борат со брановите и најдобрите европски едриличари.
Денеска немаше ветар и денот помина во дружење и спортски игри на копно. Европското првенство ќе заврши на 14.јули.

      


  Учества на првенства и регати на македонските едриличари - Известување

Ве известуваме дека двајцата македонски репрезентативци: Димитар Поп-Стефанија од ЕК БОФОР - Охрид и Ердал Лушо од ЕК Снегар - Струга, утрово отпатуваа за Воркум, Холандија каде ке земат учество на Европското младинско првенство во Ласер 4.7 кое ке се одржи од 06.07 - 14.07.2011 на кое ќе учествуваат околу 400 едриличари.
Покрај тоа, едриличарите од клубовите БОФОР и СТРМЕЦ ќе учествуваат на Европскиот Дунавски Шампионат, класа Микротонец, кој ќе се одржи од 08.07 - 10.07 во Земун, Белград - Србија.
Тимот на ЕК БОФОР е составен од: Стефан Ставрев, Марта Пејоска и Стефчо Јованоски и на ЕК СТРМЕЦ: Мартин Пејоски, Кате Бујароска и Гоце Недески.

  Европски Дунавски Шампионат, класа Микротонец - Резултати 8 - 10 Јули 2011

Охридските едриличари од клубовите Бофор и Стрмец успешно се претставија на Европскиот Дунавски Куп во класата Микротонец кој се одржа од 8ми до 10ти јули во Земун, Белград.
На овој куп зедоа учество 5 земји ( Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија и Романија) со вкупно 22 екипажи. Регатите се одвиваа 3 дена: првиот ден се возеше една навигациона регата додека останатите два дена се одржаа по две трки во одлични временски услови. Конечните резултати на нашите два тима се: тимот на ек БОФОР заврши на 15то место, додека тимот на ек Стрмец на 17тото место. Фотографии во attachment
Домаќинот на овој куп, едриличарскиот клуб Земун од Земун се покажа како одличен организатор не само на регатите туку и на целокупното дружење за време на регатите на сите едриличари. После оваа регата нашите едриличари активно се спремаат за овогодинешната 43та по ред Илинденска меѓународна регата на која се очекува присуство на голем број на странски клубови.

      


  Регата "47th Cherry Fest Sailing Championship 2011" - Текирдаг, Турција - Резултати 16 - 19 Јуни 2011

Едриличарскиот Клуб Бофор настапуваше на регатата која се одржа во деновите 16- 19 јуни во Текирдак, Р.Турција.
Настапувавме со 5 едриличари во класата оптимист и еден во класата Ласер 4.7. Резултати --- Оптимист:
НОВИЦА ВЕЉАНОСКИ - 5 место
Дамјан Поп Стефанија -15 место
Илче Грунче - 17 место
Игор Каневче - 18 место
Иво Илинчев - 27 место

Вкупно натпреварувачи во класата оптимист: 45.

Резултати --- Ласер 4.7:
Димитар Поп Стефанија го освои 8 место во конкуренција од 11.

Следна регата каде што ќе учествуваат нашите едриличари ќе биде од 24 - 26 јуни во Херцег Нови, Р.Црна Гора.
Ќе настапуваме со 5 натпреварувачи во класата Оптимист и еден натпреварувач во класата Ласер 4.7

  Регата "47th Cherry Fest Sailing Championship 2011" - Текирдаг, Турција - Известување

Ве известуваме дека едриличарите од ЕК "Бофор" и ЕК "Стрмец" заминаа на регатата "47th Cherry Fest Sailing Championship 2011" во Текирдаг, Турција.
Регатата започнува на ден 16.06.2011 и трае до 19.06.2011, нашите едриличари ќе настапат во класата оптимист и класата ласер 4.7. Ќе се едри на Мраморно Море пред градот Текирдаг.

Во класата Оптимист кје настапат:
Дамјан Поп Стефанија,
Иво Илинчев,
Новица Вељаноски,
Игор Каневче,
Илче Грунче,

Во класата Ласер 4.7 ќе настапи
Димитар Поп Стефанија

  Меѓународната едриличарска регата "Зелено срце Србије" - Резултати 8 - 10 Април 2011

Во деновите од 08.04.2011 до 10.04.2011, Едриличарските клубови Бофор и Стрмец учествуваа на меѓународната едриличарска регата "Зелено срце Србије" на Бованско езеро - Соко Бања - Србија.
На екстремни услови при брзина на ветерот од 30 m/s нашите натпреварувачи ги освоија следните места:

Класа Оптимист:

Новица Велјаноски - 1 место
Дамјан Поп Стефанија - 2 место и 1 место до 12 години
Игор Каневче - 3 место и 2 место до 12 години
Иво Илинчев 5 место

Класа Европа:

Ирена Грунче - 1 место Елена Ставреска - 2 место

         
      

  Учество на Меѓународната едриличарска регата "Трофеј на Марчело Компобасо"-Неапол, Италија 02 - 06 Јануари 2011

Во изминатите неколку дена младите македонски едриличари од Едриличарскиот клуб БОФОР од Охрид е отворија едиличарската сезона во новата 2011 година. Во одлична организација на Едриличарскиот клуб САВОИА од Неапол настапија 230 едриличари од 22 држави. Се едреше во класата Оптимист за најмладите едриличари, од предвидените 9 регатни трки се одржаа 5 едрења. Подмладента екипа од 4 едрилиличари на возраст 10-12 години,успешно се бореа со своите ривали од повеќето европски велесили во едрењето како Хрватска, Грција, Италија, Шпанија, Турција,Франција, Скандинавските земји и други.
Пласманите на нашите едриличари се:

Новица Велјаноски на 142-ро место,
Дамјан Поп-Стефанија 154-то место,
Илче Грунче 198-мо место,
Игор Каневче во категоријата помлади од 12 години го освои 23-то место.

Пласманите на македонските едриличари се задоволителни, тие ги прават првите чекори во ваква силна меѓународна конкуренција.
Првото место го освои турскиот едриличар Анил Цетин од Бодрум, додека од јуниорите најдобар беше хрватот Свен Стевановиќ од Ровињ.

         
   


Сезона 2007 || Сезона 2008 || Сезона 2009 || Сезона 2010 || Сезона 2011